Ритамот на филантропијата

Добротворните концерти меѓу најдобрите и најпопуларните форми на филантропски настани  кои се организираат ширум светот. Овие настани претставуваат одлична можност преку која граѓанските организации можат да ја вклучат и да се поврзат со целната група. Концертите даваат доволна флексибилност земајќи ја в предвид големината на вашата организација и тимот за прибирањена средства – од концерт на стадион со илјадници во публиката, па до интимна вечер во локалното кафе.

Во денешно време, голем број на организации ја користат оваа  форма на прибирање на средства, особено кога станува збор за катастрофи од голем обем, како на пример земјотресот во 2010 година на Хаити, или пак скорешната епидемија на Ебола во земјите од западна Африка.

И во минатото беа организирани слични настани – како  Live Aid во 1985 година, на кој беа собирани средства во за гладните во Етиопија, или пак AIDS Benefit Concert in 1992 за поддршка на организациите кои работат на ХИВ/СИДА, а се одржа во спомен на Фреди Меркјури, пејач и фронтмен на Квин кој почина како последица на СИДА таа година.

Сепак, инспирацијата за овие добротворни концерти  потекнува од  Концертот за Бангладеш во 1971 година.

Како што пишува Греам Томсон, првиот добротворен концерт во денешна смисла на зборот бил огранизиран во Медисон Сквер Гарден во Њујорк со учество на Рави Шанкар, Џорџ Харисон, Боб Дилан, Ерик Клептон, Леон Расел и Ринго Стар. Концертот за Бангладеш бил организиран како одговор на циклонот Бола и ослободителната војна помеѓу Бангладеш (тогашен Источен Пакистан) и Пакистан. Според Томсон, за една вечер биле собрани  $243,000 за на крај да бидат собрани седумнаесет милиони долари  преку различни начини и средства, за поддршка на работата на UNICEF ширум светот во програми кои се сеуште активни.

Иако Томсон зборува за комплексноста на овој тип на настани и ефектите на донирањето и на музиката,  добро е да се потсетиме дека како и при секој настан за прибирање на средства, планирањето и организацијата мора да бидат без грешка како би се осигурале дека собраните средства одат за вистинска цел и на вистинско место. Не е добро да се организираат хуманитарни настани, за да исплатите 80% од собраните средства како хонорар на учесниците.

 

Овие примери за добротворни концерти се од голем обем, со светски афирмирани уметници, но и вие можете да го прилагодите моделот да соодветствува на целите и ресурсите кои ви се на располагање вам и на вашата организација.

 

Примерите од  Балканот покажуваат дека луѓето ја прифаќаат идејата за добротворни концерти насекаде. Во Задар, Хрватска,  Ена Катерина Херцег организираше добротворен концерт минатиот јули за поддршка на Центарот за бездомници Ст. Винко Паулски. Шпанскиот тенор Хозе Карерас заедно со виолончелистката Ана Рукнер и сопранот Мартина Задро  учествуваа на концертот во  Пулската Арена, исто така минатиот Јули. Средствата од овој настан беа донирани на Детската болница во Риека и Дневниот центар за рехабилитација Веруда, како би им помогнале на децата со посебни потреби. За крај, во Миксалиште во Белград, Србија, беше организиран настан за поддршка на бегалците наречен Music Crossing Borders – Benefit Concert for Refugees in Need. На настанот учествуваа Алба Сан Кирико на виолина, како и Нада и Слободан Бркиќ на пијано.

Доколку сакате да организирате добротворен концерт, ви стојат на располагање голем број на онлајн алатки кои можете да ги користите во сите фази, почнувајќи од планирањето, па се до организацијата на самиот настан.

Алисон Гаус, која пишува за веб сајтот за прибирање на средства Classy наведува четири лесни чекори кои можете да ги користите кога организирате добротворен концерт. Прво, таа препорачува да се концентрирате на каков тип на настан сакате да организирате. Рок концерт? Рап настап? Нешто класично? Или настап на комичари? Ова секако зависи и од типот на публика кој го очекувате и секако – колкав настан сакате да организирате.

Гаус потоа прави осврт на изборот на уметниците кои сакате да настапат. Таа вели: ,, Уметниците со кои ќе соработувате ќе бидат клучниот елемент на маркетингот и прибирањето на средства.” Гаус понатаму препорачува да бидат вклучени локални учесници затоа што ќе ги привлечат нивните пријатели, одн. бројна публика која ќе ве поддржи. Третиот чекор се однесува на изборот на просторот и на потребата да избраните учесници го промовираат настанот и преку нивните канали  и средства за комуникација.  Вие и вашата цел треба секако да бидат привлечни за вашата целна група, но инволвирањето на уметниците во промоцијата ќе ви отвори можност да пристапите до нови донатори или заинтересирани лица.

За крај, Гаус препорачува да се предвидат повеќе извори на приходи. Продавајте храна и пијалоци (по можност донирани, како би заштедиле на трошоците), како и други предмети како би собрале што повеќе средства за настанот.

Добротворните концерти претставуваат корисен и секако, забавен начин за прибирање на средства –  во случајов луѓето не само што добиваат можност да донираат, туку и да уживаат во прекрасен концерт.

 

Сте организирале ли некогаш добротворен концерт? Какво е вашето искуство? Би сакале да дознаеме од вас. Слободно оставете коментар со вашата приказна!

 

About author

client-photo-1

Alex Cooper