Причини за донирање: Размислување што ги прави луѓето филантропи

Во досегашните написи во нашиов блог дискутиравме за различните начини преку кои кои можеме да ги оствариме нашите филантропски заложби овде, на Балканот и било каде на друго место.  Можете да донирате на ,,мал” и ,,голем” начин (да, често го споменувам ова, но е мошне важно да се запомни!). Навраќајки се на нашата дефиниција за филантропијата во широка смисла на зборот: Се е заради љубовта. Но, како и сите луѓе, понекогаш знаеме да бидеме и егоистични. Значи, зошто всушност донираме?

Одговорот е малку покомплексен. Некои луѓе сметаат дека зад тоа да се биде филантропски настроен стои силно его. Би рекол дека ова е доста упростено и малку песимистичко видување на нештата. Постои внатрешна потреба да им се помага на другите и тоа можеме да го направиме преку филантропијата. Секако, како дополнителна полза, тука е и позитивниот ментален стимулус од донирањето.

Шон Станард-Стоктон пишува во Stanford Social Innovation Review дека потребата да се биде филантроп не произлегува само од економски причини. Тој ја поставува тезата според која потребата да се биде алтруист и да се донираат финансиски средства (а јас би додал не само финансиски) претставува нераскинлив дел од нашата човечка природа затоа што, како што  вели тој, ние сме ,,општествени животни”. Општествените врски кои ги создаваме се нераскинливо поврзани со нашата благосостојба, така да не е претерување размислувањето дека донирањето е на некој начин здраво за нас. Ја зајакнува нашата заедница. Kако противаргумент кон оние кои размислуваат дека луѓето донираат од себични причини, Шон вели дека:

,,Луѓето се поврзани едни со други, без разлика дали го сакаме тоа или не.Тоа што помагањето на другите ни помага и на нас самите не го намалува значењето на актот на донирање. Тоа претставува извонредна животна вистина, која и помага на нашата заедница да функционира.”

Во статија за Guardian, истражувачите Мајкл Сандерс и Франческа Тама забележуваат дека :

,,Објаснувањата за донирањето во добротворни цели потпаѓа под три широки категории – од чисто алтруистички – донирам затоа што ја ценам корисноста на добротворните акции за општествот;. ,,делумно” алтруистичното – донирам затоа што знам дека придонесувам за општото добро; и – она нималку алтруистичкото – донирам затоа што сакам да им покажам колку сум богат на можните идни пријатели.”

Понатаму, тие прават подлабока анализа на различни теми поврзани со донирањето (и ги поткрепуваат своите тврдења со голем број, навистина голем број истражувања). Заклучокот кој се наметнува е дека пред се, луѓето донираат со срцето, а не со умот. Значи луѓето не се водат од статистиките поврзани со донирањето или пак од тоа колку е успешна хуманитарната или граѓанската организација. Доколку постои приказна со која луѓето можат да се поврзат, тогаш е многу поверојатно да одговорат со донација. Ова е исто така поткрепено со истражувањето кое покажува дека кога се креира сторија поврзана со барање на одредена донација, луѓето обично се приклонуваат и ги поддржуваат оние, во кои се прикажани потребите на еден или на мала група на луѓе.

Второ, околината има големо влијание врз мотивацијата на луѓето да донираат. Според заклучокот на Мајкл и Франческа, потенцијалните донатори не мора ни лично да ги познаваат луѓето кој ги поврзуваат со донирањето. Тие даваат одличен пример за тоа како донаторите даваат повеќе средства за кампањите кои се поддржани на пр. од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, отколку за оние поддржани од непознат или анонимен донатор.

Трето, луѓето даваат повеќе кога ќе видат дека и другире даваат. Доколку вашата општествена група донира, многу е веројатно дека и вие ќе донирате.

Иако ова истражување е секако, мошне интересно, покрај тоа што го објаснува донирањето, тоа остварува и една друга цел: може да биде употребено како алатка за оптимизација на стратегиите за прибирање на средства на организациите. Разбирањето како луѓето даваат може да им помогне на организациите подобро да се поврзат со своите локални заедници и да развијат стратегии кои ќе продолжат да ја поддржуваат социјалната промена.

Настрана од се, донирањето навистина прави да се чувствувате пријатно и е добро не само за вашето ментално и физичко здравје, туку и за оние на кои донирате. Ве охрабруваме да продолжите да се чувствувате прекрасно и да учествувате на филантропските настани 😉 За можностите за донирање, посетете ја нашата Facebook страна каде ќе ги најдете можностите за донирање на целиот Западен Балкан.

Покрај тоа, ние исто така сакаме да дознаеме и што вас ве мотивира да донирате. Споделете ги вашите размислувања со нас во коментарите!

About author

client-photo-1

Alex Cooper