Разбирање на филантропијата: Српско издание

Во текот на наредните месеци, ќе објавиме неколку нови извештаи за филантропијата во регионот. За почеток, овој блог ќе го посветиме на неодамна објавениот извештај за српската филантропска сцена.

Фокусот на нашата работа е прибирањето на податоци за филантропските активности во регионот и нашите годишни извештаи претставуваат значаен ресурс за тоа кој донира, кому донира и како донира.

Но, да не должиме понатаму – да започнеме со нашата анализа!

Собравме околу 3.000 поединечни филантропски податоци поврзани со донирањето од различни донатори – следува преглед илустриран со примери низ кој ќе ви објасниме на што се однесуваат овие податоци.

Како што веќе споменавме во нашата статија  Разговори за Каталист:

Годишен извештај за состојбата со филантропијата во Србија 2015. Извештајот дава преглед на трендовите забележани помеѓу 2014 и 2015 година и забележува позитивни трендови во однос на развојот на филантропијата во земјата. Ова се забележува од зголеменото ниво на донирање за општествен интерес, бројот на донации, од бројот на донаторски акции,  од бројот на воспоставени партнерства помеѓу трговските друштва и граѓанскиот сектор, како и во донирањето преку долгорочни и стратешки програми (за преглед на наодите од истражувањето ве молиме  разгледајте ги инфографикот и краткиот преглед за филантропијата во Србија во 2015).

 

Општо земено, треба да се акцентираат три важни тренда во овој извештај. Прво – огромни 22 милиони евра се донирани за различна филантропска цел во периодот 2014-2015! Просечно се регистрирани 268 донации месечно во 2015 година. За споредба, во 2014 година се регистрирани само 154 донации месечно. Трето – секој граѓанин донирал просечно по 3,14 евра во 2015 година, споредено со 2,59 евра во 2014.

Доколку се расчленат податоците во однос на тоа кој донира, може да се забележи дека масовното индивидуално донирање (на пр. кога голем број на индивидуи донираат и нивните имиња не можат да бидат идентификувани како во кампања за прибирање на средства или слично) преставува доминантен начин на донирање. На овој тип на донирање отпаѓаат 41,7% од забележаните донации. Корпоративниот сектор е на второ место со 26,8%, а трети се индивидуалните донатори со 19,3% регистрирани донации.

Но, како што забележуваме во нашиот извештај, споредбата по донираните суми изгледа мошне поразлично. Имено, од 22та милиони евра, бизнис секторот донирал 51,6% од средствата, индивидуалните донатори донирале 16,4%, а масовните индивидуални донатори 15,2% од вкупната сума.

Последен аспект поврзан со извештајот на кој би сакал да се осврнам се секако темите, одн. целите за донирање. Четирите најпопуларни (на нив се однесуваат 78,1% од сите донации) се: здравството со 32,6%, поддршка на маргинализираните групи со 24,3%, намалување на сиромаштијата со 13,6% и образованието со 7,6% од сите регистрирани донации. Треба да се забележи дека додека донациите за маргинализираните групи се на исто ниво како и претходната година, а се забележува намалување кај донациите за здравствена заштита и намалување на сиромаштијата. Треба да се забележи и порастот кај донациите за образованието.

Ве охрабрувам да го разгледате извештајот кој претставува длабинска анализа на филантропијата во Србија. Сепак, општо земено, може да се заклучи дека филантропијата не само што постои, туку и зема се поголем замав во Србија.

Повторно, очекувајте неколку нови извештаи во наредните неколку месеци во кој ќе се осврнеме на состојбата со филантропијата во другите земји од Балканот, така да проверувајте го нашиот веб-сајт и секако – блогот на кој ќе продолжиме да споделуваме стории и истражувања за филантропијата во регионот.

Како и секогаш, доколку имате објави поврзани со филантропијата кои сакате да ги споделите, слободно контактирајте ме или оставете коментар!

About author

client-photo-1

Alex Cooper